31.03.2021 – НЕТРА одржа вебинар со следнава тема:
„Професионални критички комуникации – Критични за мисијата, Јавната Безбеднот, Критични за бизнисот“
Професионалните критички комуникации обезбедуваат безбеден и ефикасен начин на водење на операции на компаниите и безбедносниот сектор.
Професионалните критички комуникациски системи се засноваат на посветени технологии, посветени мрежи и посветен спектар. Постојните дигитални технологии како што се: TETRA, DMR, P25 и други, како и наследените аналогни технологии сè уште се широко користени денес.
Сепак, технолошкиот развој ги менува постоечките критични комуникациски системи на начин што тие се повеќе се прилагодуваат на новите 4G/5G технологии и отворените стандарди дефинирани со 3GPP.
На овој вебинар, презентери од НЕТРА и Motorola Solutions
елаборираа на следните теми:
1. Софтверски решенија за критични комуникации
Александар Шарковски/проект менаџер/НЕТРА
2. По ТЕТРА. Имплементација на LTE и 5G во критичните комуникации
Драган Мушкиња/оперативен менаџер/НЕТРА
3. Критични за мисијата комуникациски решенија
Мартин Фуерст/директор за продажба Motorola Solutions и
Рок Стрлиќ/Менаџер/Motorola Solutions