НЕТРА е активна на регионалниот ИКТ пазар преку 20 години. Фокусирани на квалитетот како наш највисок приоритет, го имплементиравме ISO:9001 стандардот за контрола на квалитетот уште во најраните фази на развојот на компанијата. Иницијалниот успех на компанијата се должи на успешните имплементации на националниот систем за фреквентен мониторинг како и комуникациските системи во Контролата на Воздушниот Сообраќај. Понатамошниот развој се движеше во правец на тактичките коминикации, високата енкрипција и вмрежувањето. Денеска компанијата брои преку 40 вработени, доследна на своето инженеринг потекло, НЕТРА продолжува да се докажува во нови технологии и е лидер во радиодифузијата, обработка и анализа на сигнали и е незаобиколен партнер на мобилните оператори .