НЕТРА работилница на тема информатичката безбедност како средство за непречена транзиција кон дигиталниот бизнис модел.

Едукативно промотивна работилница како дел на Концептот за дигитална бизнис трансформација реализирана во заедничка соработка со AHK North Macedonia, организирана на 25, Фебруари 2020, во конференциската сала на хотелот Marriott во Скопје.

“Нашата цел беше да ја подигнеме свеста на приватните компании за можните проблеми, потребата за заштита и важноста на безбедноста како фисилитатор на дигиталната трансформација.”

Работилницата беше фокусирана на следните три теми:

- Контрола на ризиците и информатичка безбедност

- Сајбер безбедност: закани и одбрана

- Паметни комуникации и паметна видео аналитика подржана од Вештачка Интелигенција

 

Прв дел: Контрола на ризикот и Информатичка безбедност

 

#Risk #Management и #Информатичка #Безбедност искуства презентирани од оперативниот менаџер г. Драган Мушкиња, како и сеопфатно објаснување на движечките фактори за имплементација на #ISO27001 систем за контрола на информатичката безбедност презентирано од г. Михаил Китановски од D2EM Consulting.

“Забрзувањето кон дигиталната транзиција мора да биде пропратено со сеопфатен пристап кон контрола на ризиците за да се постигне задоволителна безбедност на сите дигитални асети и бизнис процеси."

“Зголемувањето на знаењата, неопходно за заштита на виталните информации преку стандаризирани рутини кои се предмет на ISO 27001 Системот за контрола на информатичката безбедност.”

 

Втор дел: Сајбер безбедност закани и одбрана

 

Преглед на техники и решенија во сајбер безбедноста на нашиот партнер #Secunet GmbH & CO KG презентирани од г. Walther Rieder.

 

“Агнотичниот пристап кон највисоката енкрипција како јадро на визијата на Secunet, резултира со системи од доменот на информатичката безбедност докажани преку соодветни EU и NATO сертификати."

Трет дел: Паметни комуникации и паметна видео аналитика подржана од вештачка интелигенција

Дополнителен придонес на настанот даде г. Oliver Zuber од #Motorola со презентација ориентирана околу интегрираните критични комуникациски системи кои доаѓаат од компанија со 85 годишно искуство во полето, како #AI подржаната видео аналитика од #Avigilon, компанија во рамките на Motorola која ги пробива границите во видео надгледувањето и безбедноста.

“Ниту една компанија не може да ги замисли своите операции без коминикација, од таа причина диверливоста и безбедност а на врските е витална."