НЕТРА вебинар на тема критични комуникации фокусиран на нивната иднината водена од побарувачката на податоци, OTT апликациите, 4G/5G и отворените 3GPP стандари.

Вебинар посветен на професионалците во областа овозможен од страна на искусни раководители на проекти на НЕТРА и Motorola.

“Во оперативните окруженија кои побаруваат се повеќе податоци, критичните и ппрофесионалните комуникации ќе треба да се задвижат надвор од нивниот оригинале теснопојасен домен во правец на широкопојасните 4G и 5G технологии.”

Вебинарот

Да, говорот и групните повици ќе останат основата на критичните комуникации, и не, за сега не постои широкопојасна технологија која овозможува побрзо воспоставување на повикот и подобар домет од #TETRA или #DMRмеѓутоа денешните операции, командувањето и контролата како и процесот на носење одлуки се повеќе се потпираат врз се поголема количина на податоци. Дизајнирани за говор и доверливост, традиционалните теснопојани технологии не нудат адекватен пренос на податоци. Оваквата состојба го тера критичните и професионални комункации кон новите технологии кои се развиени за пренос на податоци како #4G и #5G меѓутоа поради природата на овие комуникации како и од апсект опрваднаост на инвестицијата, ова задвижување мора да биде овозможено преку имплементација на отворени стандарди и континуираната работа на #3GPP.

Со овој вебинар раководителлите на проекти на НЕТРА: Александар Шарковски и Драган Мушкиња наметнаа дискусии за интеграција на Over-The-Top апликациите, имплементација и стандарди на критичните комуникации во рамките на 4G и 5G , додека нашите колеги од Motorola презентираа конкретни решенија.