Интегрирано возило за радиодифузно тестирање

Комплетно "drive-test" решение кое овозможува симултани мерења на DVB-T/T2, DAB(+) и FM, во потполност интегрирано од страна на НЕТРА во теренско возило од средна големина.
Одржувајќи повеќе од 80 радиодифузни локации со законска обврска да го емитува националниот информативен сервис Македонската радио и телевизија, јавното претпријатие Национална радиодифузија мора да обезбеди квалитетен DVB и FM сигнал до сите делови за земјата. Воедно, компанијата е пионер во имплементацијата на DAB радио сервисот. Од овие причини, исплатливо и флексибилно решение за евалуација на сигналите кое истовремено овозможува фиксни и мобилни мерења на DVB-T, DAB и FM, и кое е доволно робусно да издржи секаков терен, е од особено значење за компанијата.
Националната радиодифузија го избра нашето решение кое е интегрирано на теренско возило од средна големина, способно да овозможи симултано тестирање во движење на сите барани технологии, базирано на опрема која е водечка во индустријата: два ETL TV/DAB анализатори од Rohde & Schwarz, Audemat FM MC5 FM сигнал анализатор, како и професионални приемници за мониторинг.
Опремен со пренослив 9 метарски столб за брзо поставување на кој се монтира широкопојасна биконична антена која може да се користи во хоризонтална и вертикална поларизација, системот може да се користи и за фиксни мерења согласно ITU-R препораките. Во согласност со разновидноста на операциите на Националната радиодифузија, возилото се одликува со автономно напојување за фиксни мерења при брзо запирање. Воедно, возилото е целосно самостојно носејќи ги сите додатоци потребни за работата. Сите мерења се управувани од компјутер, поради што е доволен единствен оператор за реализација на истовремени мерења за сите три технологии.
Земајќи го сето ова во предвид, системот значително ги надгради капацитетите на Националната Радиодифузија да го одржува, верифицира и подобрува покривањето на нивните дифузни мрежи, задржувајќи релативно ниски оперативни трошоци.