Интегрирани критични комуникации за Македонскиот Црвен Крст во подршка на Pelister Ultra Trail.
Pelister Ultra Trail е настан кој се организира секоја година и содржи две ултра трки на 18K и 45K. Стазите за трчање се протегаат низ живописниот Национален парк Пелистер поминувајќи преку Големото езеро, длабоката Моликова шума и врвот на Баба планина на височина од 2601 метри.
Поради очигледната екстремна природа на трките, битолскиот огранок на Македоскиот Црвен Крст го подржува настанот со значително присуство на своите членови, за да се намалат потенцијалните инциденти и несакани настани кои произлегуваат од тешкиот терен или од замор на натпреварувачите. Нашата мисија беше да го подржиме настанот со обезбедување на квалитетен сигнал и критични комуникации за сите префесионалци и волонтери на Црвениот Крст како и збогатена #Ситуациска #Свесност базирана врз #GPS информациите кои ги праќаа терминалите користени на овој настан.
“Беспрекорно интегрирани комуиникации за успешен настан.”
За да се постигне бараното покривање НЕТРА постави мобилен репетитор на врвот на Баба планина. На овој начин овозможивме дигитални #UHF комуникации на сите точки покриени со персонал на Црвениот Крст. Дополнителната мобилност во системот беше воспоставена преку #интеграција со #LTE мрежите што допринесе за #унапредена ситуациска свест на клучниот персонал во Центарот за Командување и Контрола лоциран на стартната/целната позиција на трките. Благодарејќи на мотивораниот персонал на Црвениот Крст, нашата техничка подршка, зголемената мобилност и агилните комуикации, беа избегнати инциденти додека безбедноста на такмичарите беше на максимално ниво и покрај високите летни температури и тешкиот терен.