Одржливо решение беше споделување на ресурсите на постоечката микробранова мрежа со висок капацитет која ја одржува ЈП Национална радиодифузија.
Како компанија со најголем број на реализирани микробранови системи кои се пиштени во работа во регионот, односно аплицирано знаење во имплементација на широкопојасни транспортни мрежи со продукти од доверливи партнери како Ceragon Networks, Cisco и Enatel Energy, НЕТРА беше избрана да го имплементира комплетното решение. Комплексната задача се состоеше од:
- План за надградба на јадрените сегменти на микробрановата мрежа на ЈП НРД,
- План и имплементација на новата пристапна микробранова мрежа
- Внимателно прилагодување на постоечката трансмисиона мрежа на ЈП НРД оптимизирана за линеарни TV/Audio сервиси за да се вметнат сервисите кои ги користи МАРнет.
Проектот успешно се реализираше при што МАРнет ја прошири сопствената мрежа на робусна и заштитена платформа, додека ЈП Национална радиодифузија се здоби со дополнителен капацитет кој може да се користи при бекап сценарија на преносната мрежа.