НЕТРА реализираше решение по принципот клуч на рака на локацијата Градиште, кое е базирано врз докажаните Rohde & Schwarz 400 series софтверски радио уреди, како и RAD мултиплексна опрема во согласност со стриктните стандарди кои важат во Контролата на воздушниот сообраќај а кои се однесуваат на доцнење на говорот. Сите системи се редундантни и поставени во контејнер со контролирани климатски параметри.
Севкупното зајакнување на системот го постигнавме со поврзување на говорните, односно податочните патеки за мониторинг и контрола кон говорниот комутатор и Системот за далечинска контрола и управување на HungaroControl и M-NAV, со што обезбедивме системот да нема единствена точка на испад, односно да ги постигне бараните 99.999% достапност.
Успешниот проект беше прикажан од страна на HungaroControl на World ATM Congress во Мадрид 2017 година.