НРД DAB+ пилот проект
Прва регионална имплементација и примена на системот за дигитално аудио емитување (DAB+).
Јавното претпријатие Национална радиодифузија, вршејќи подготовки за усогласување со регулативата на ЕУ согласно Европскиот кодекс за електронски комуникации, се наметна како предводник во имплементацијата на дигитално радио (DAB+). Во овој контекст, Нетра го изработи пилот-проектот, кој имаше за цел да обезбеди покриеност за Скопје, главниот град на Република Северна Македонија.
TRansmitter

Решението беше базирано врз аналогно/дигиталниот предавател TMV9 произведен од Rohde & Schwarz и конфигуриран да работи во широкопојасен режим DAB + со единечна побуда во 1+1 конфигурациa, испорачувајќи 750W пред излезниот филтер.

Секој предавател е составен од PMV901 излезен засилувач и TCE900 побудувач подесен на прими EDI или ETI дигитални влезови, односно GPЅ приемник за синхронизација во SFN мрежи во случај на подоцнежна експанзија со дополнителни предаватели во регионот.

Како додаток на предавателниот систем, НЕТРА испорача и комплетно редундантен DAB headend базиран врз решенијата на Audio Video Technologies Gmbh, односно Fraunhofer DAB Content Server-от, кој испорачува постојан и непопречен EDI сигнал кон предавателниот систем, како и неопходната SFN синхронизација користејќи два редундантни NTP сервери.  

Севкупниот систем нема единствена точка на откажување, бидејќи сите системи вклучувајќи го и системот за непракинато напојување се дуплирани.

Сите системски компоненти (предаватели, компоненти на headend, и UPS системите) се визуализирани, далечинки контролирани и управувани од Orion Solarwinds NPA системот за мрежно управување, кој претставува SNMP базирана апликација специјално прилагодена од страна на НЕТРА за да го обезбеди процесот на контрола и управување на севкупниот систем.