Дроновите се сé поевтини и полесни за употреба. Ова придонесува за нивна масовна употреба, меѓутоа, со можноста да носат опасен товар претставуваат значајна безбедносна закана за персоналот и опремата. Со цел да ја зголеми заштитата на своите припадници и технички средства, Министерството за одбрана на Република Северна Македонија се одлучи за решение од компанијата DroneShield, лидер во оваа област, решението беше испорачано и имплементирано од НЕТРА.
Tактичкиот систем беше успешно тестиран со неколку видови далечински контролирани и автономни дронови, потврдувајќи ја својата ефикасност како и декларираната оддалеченост на која целите можат да бидат неутрализирани. Од дроновите врз кои се дејствува веднаш се губи видео сигналот, и дроновите или се враќаат кон точката на полетување, откивајќи ја локацијата на пилотот, или како во повеќето случаи истите успешно се приземјуваат и потоа можат полесно да се уништат или да се користат за форензичка анализа.