Дроновите се сé поевтини и полесни за употреба. Ова придонесува за нивна масовна употреба, меѓутоа, со можноста да носат опасен товар претставуваат значајна безбедносна закана за персоналот и опремата. Со цел зголемување на заштитата на нивните припадници односно технички средства, Министерството за Одбрана на Република Северна Македонија се одлучи за решение од DroneSheld, компанија лидер во областа, кое беше испорачано и имплементирано од НЕТРА.
Tактичкиот систем беше успешно тестиран наспрам неколку видови далечински контролирани и автономни дронови, потврдувајќи ја својата ефикасност како и декларираната оддалеченост на која целите можат да бидат неутрализирани. Од дроновите врз кои се дејствува веднаш се губи видео сигналот, додека истите или се враќаат кон точката на полетување , со што ја изложуваат локацијата на пилотот, или како во повеќето случаи истите успешно се приземјуваат по што можат полесно да се уништат или да се користат за форензичка анализа.