TEMPEST лабораторија

Нашето знаење и богато искуство во областа на мерење, обработка и анализа на радио сигнали е основата за формирање на првата TEMPEST (Telecommunications Electronics Materials Protected from Emanating Spurious Transmissions) лабораторија во Македонија.

Поседуваме најсовремен, целосно автоматизиран хардверско-софтверски систем за зонирање, со кој може да се изврши безбедносно зонирање на објекти согласно SDIP-28/2 стандардот на НАТО.

Опремата е сертифицирана согласно NATO SDIP и EU IASG стандардите, а технички обучениот и сертифициран кадар може да ги врши сите неопходни TEMPEST мерења и анализи, како и да обезбеди непристрасни резултати за перформансите на имплементираните безбедносни мерки на даден објект.

Со целосно сопствени технички и кадровски капацитети, ние сме единствена компанија во Македонија и пошироко во регионот која нуди професионални услуги за мерења на несакани радиофреквентни и микробранови еманации, согласно највисоките NATO SDIP и EU IASG стандарди.

Прилагодувајќи се на Вашите барања, Ви ја даваме најсоодветната понуда. Нудиме комплетнa услуга по концепт „клуч на рака“ или ако Вашите потреби така наложуваат, реализираме TEMPEST обука на Вашите вработени за нивно оспособување да вршат мерења со изнајмување на опремата.

Контактирајте не, ќе Ви дадеме стручна поддршка, консултација и квалитетно решение за сите Ваши потреби и барања!